Атмосферата и хемијата во екипата е важна како физичката и тактичката подготвеност. Затоа, охридските ракометари заедно со стручниот штаб и членови од управата, слободниот ден од тренажниот процес го искористија за искачување на највисокиот врв на планината Галичица, Магаро  (2 255 метри). Тим билдингот и “освојувањето” на Магаро, ракометарите го овековечија со фотографии од кои застанува здивот.

OhridNews