Познатиот балкански бенд „Галија“, синоќа, во ресторанот „Острово“, во Св. Наум, приреди прекрасен концерт, во кој уживаше расположената публика. Таа заедно со „Галија’ ги отпеа познатите рефрени на бендот: „Старе трубе“, „Додирни ме“, „Дали си спавала“, „На твојим уснама“, „Дигни руку“ и други.

Атмосферата на концертот беше извонредна, како и настапот на „Галија“, кои многумина потсети на добри моменти од некои минати времиња, но подеднакво добро уживаше и разиграната помлада публика.

Прекрасниот концертен амбиент во ресторанот „Острово“ го долови познатиот охридски фотограф Емил Јовановиќ.