Ракометарите на Охрид, успешно завршија уште едно поглавје во Супер лигата победувајќи го Бутел Скопје (24-22) во дербито од шестата рунда во македонскиот шампионат. „Гладијаторите“, во одлучувачките мигови од натпреварот со ветар грб од „Рибарите“ кои диригираа со атмосферата во салата гинеа на теренот и се бореа до последен здив за секоја топка, и на крајот заедно заслужено се радуваа на победата.

Триумфот против Бутел Скопје е супер најава за „Езерското“ дерби во седмата рунда од Супер лигата. Натпреварот се игра во Струга, в сабота во 19 часот и 30 минути.

OhridNews