Иако годинава поради пандемијата немаше организирано славење на празникот Св. Јован, на кој изминатите години се правеше рибна чорба и се организирааше пригоден настан со богата културно – забавна програма, познат како Денот на рибарите, тајфата на фаќачот на крстот на централната манифестација што се одржа за Водици кај градското пристаниште, остана верна на традицијата.

Тајфата на фаќачот на крстот верна на традицијата – Фото: Емил Јовановиќ

Мартин Гоџоски и неговата тајфа попладнево во месноста Сараиште запливаа во студените езерски води, а моментот го овековечи познатиот охридски фотограф Емил Јовановиќ.

Со зимското капење завршија богојавленските чествувања во Охрид.

Г.М.
Фото: Емил Јовановиќ