Убавините на Охридското Езеро од сега се достапни во кралска верзија, благодарение на новиот концепт во хотелскиот комплекс „Инекс Олгица“, каде викендов започна со работа „Queen Sunset Bar“.

Гостите во „Queen Sunset Bar“ ќе може да уживаат во зајдисонцето над Охридското Езеро и широкиот избор на коктели кои ги подготвува креативниот тим на коктел барот.

„Queen Sunset Bar“ ќе работи од 19 часот до полноќ, а времето на зајдисонеце ќе биде објавувано секојдневно.

Погледот вреди милион долари, а во „Queen Sunset Bar“ се служи бесплатно, велат од менаџерскиот тим.

На отворањето на „Queen Sunset Bar“ присуствуваа голем број гости кои, веруваме, најавија уште една успешна приказна на охридската ривиера.

Фото галерија:

Во хотелскиот комплекс „Инекс Олгица“ викендов започна со работа „Queen Sunset Bar“.

OhridNews
Фото: А. Момироска