Концептуелниот бар и кафѐ Шила во срцето на охридската чаршија, со забава што се одржа синоќа, го прослави петтиот роденден.

Роденденот на Шила на едно место собра многу позитивна енергија, пријатели и гости на кои изминатите пет години овој урбан бар препознатлив по уникатниот стил одличното кафе и смуди, им е омилено свратилиште. За забавата се погрижија Dj Face и Dj Jovan кои ја раздвижија Шила во ритамот на добрата музика. 

Атмосферата од роденденската забава во Шила ја долови фотографот Анамарија Момироска.

Фото галерија:


фото: Анамарија Момироска

 


ПЕТ години бар и кафе Шила

OhridNews
Фото: Анамарија Момироска