Во присуство на бројни гости, збратимени училишта, претставници на локалната самоуправа, градоначалникот Никола Бакрачески, родители и ученици, вечерва во Центарот за култура, О.У. „Григор Прличев“ –  Охрид го одбележа патрониот празник. По тој повод беше изведена пригодна програма, што ја подготвија наставниците и учениците од училиштето. На свеченоста настапија училишниот хор и оркестар, учениците од драмската секција изведоа фрагмент од претставата „Бегалка“, а беа изведени и повеќе забавно –  музички точки. 


О.У. „Григор Прличев“ го одбележа патрониот празник

OhridNews