Денеска се одржа Tретиот хуманитарно-меморијален планинарски марш „Трајан Целески – Тачо“ во знак на сеќавање на прерано починатиот спортист и активист.

После три години споменот за него не бледнее. Неговата ведрина и дух се уште се инспирација за многу од нас да се себенадминуваме, да помагаме, истакнаа организаторите.

Маршот почна од спортското игралиште „Стобекс“ во населбата Видобишта продолжи до Манастирот Свети Никола, Велгошти, по што учесниците се вратија назад. На умерената патеката долга 10 километри рекреативците ги водеше Дејан Ангелоски, апсолутен шампион во планинско трчање кај нас и повеќекратен победник на меѓународни трки во скајранинг.

Маршот имаше и хуманитарна нишка. Учесниците донираа средства во хуманитарни кутии што ги обезбеди ОО „Црвен Крст“ – Охрид.

Г.М.