Во весела атмосфера и добро расположение, охриѓани и илјадниците гости ја пречекаа Новата 2023 година на исполнетиот плоштад во Охрид.

Илјадници луѓе ја пречекаа Новата година на плоштадот во Охрид. Дрон: Давор Левески.

Забавата почна во 20 часот, а куминираше пред полноќ со настапите на познатите фолк пејачи Ефто Пупиноски и Миле Кузманоски, кои ги стоплија срцата на присутните во ладната новогодишна ноќ.

Заедно со граѓаните и гостите Новата година на плоштадот „Св. Климент Охридски ја дочека и градоначалникот на Охрид, кој беше во друштво на сопругата. Тој претходно упати честитка до граѓаните со желби за добро здравје и успех во новата година.

Охрид во новогодишната ноќ. Фото: А. Момироска

Забавата во првите часови од Новата година на плоштадот во Охрид продолжи во ритамот на денс музиката и диџеите Диџеите Багзи и Јана Slayy.

 

Празнувањето на Нова година во Охрид продолжува долго во ноќта во преполните кафулиња, ресторани, клубови и дискотеки на охридската ривиера која за празникот е исполнета како во шпиц на сезона.

Новогодишната програма продолжува на 1-ви јануари точно напладне со настап на Марија Савеска и групата „Камелеон“ на градскиот плоштад, како и проектот „И повторно Евергрин“ кој ќе го изведат Лидија Кочоска – вокал, Влатко Груевски – вокал и Андреа Наунов – пијано и вокал.

Г. Момироски
Фото: Анамарија Момироска
Дрон: Давор Левески