Зад нас е деветтото издание на културната манифестација „Зимска бајка“ која оваа година на сцената на центарот за култура „Григор Прличев“ ја донесе магијата на македонската современа забавна музика надополнета со креативен хумор во режија на неповторливите „2 mothers brothers“.
Драган Василески – Пајо, Емилија Колоска и специјалниот гостин Ристо Самарџиев, во придружба на бендот на „Зимска бајка“, отпеаја дел од најпопуларните забавни рефрени и потсетија на убавите музички времиња. Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски, пак приредија урнебесно шоу за кое долго ќе се зборува. Како изгледаше музичко-сценскиот спектакл „Зимска бајка 2025“, погледнете од фотографиите на Анамарија Момироска – OhridNews и Гоце Цветков – Digital Box.
Дел од атмосферата на „Зимска бајка 2025“
Фото: Анамарија Момироска I OhridNews & Гоце Цветков I Digital Box















































































































































































