Во месецот на ретките, во организација на здружението „Ретко е да си Редок” и Културолошка иницијатива 5 до 12 – Охрид, а во соработка со КУД „Гердан од Бисери” и МКОЦ „Соната”, изминатиот викенд на плоштадот „Св. Климент Охридски“ се одржа културно-забавен настан.
Фото: Ива Јовановиќ
Целта е да подигне свеста за лицата со ретки болести и да им се изрази поддршка во борбата што секојдневно ја водат тие, велат организаторите.
Во текот на цел февруари во земјава се спроведува националната кампања за поддршка на лицата со ретки болести кои освен со здравствени, се соочуваат и со низа системски проблеми во обезбедување на соодветна и ефикасна терапија за болестите за кои таа постои, од која зависи нивниот живот.
Г.М.
Фото: Ива Јовановиќ