Со звуците на староградска музика, греано вино и ракија, мезе и капење во студените езерски води, на празникот Св. Јован, во месноста Сараиште денеска беше одбележан Денот на рибарите.

Денот на рибарите одбележан на Сараиште. Фото: Анамарија Момироска I OhridNews

Тајфата на фаќачот на крстот Мартин Гоџо, по црковните церемонии во храмот Св. Никола Геракомија дојде на Сараиште меѓу бројниот народ. Со него беа и Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

За атмосферата се погрижи Охридскиот музички еснаф, а се заврши со убава дружба и капење во езерото.

За многу години!

Г.М.