„REBEL“ синоќа пулсираше во ритамот на добрата забава со која клубот кој им легна на срце на охриѓани и сите со добар музички вкус, го прослави првиот роденден.

Амбиентот на роденденската забава во клубот „REBEL“ со Тамара Тодевска. Фото: Кире Јорданоски – „Zebra Production“

Шлаг на тортата беше настапот на извонредната Тамара Тодевска, која ги разгали срцата на присутните во преполниот „REBEL“. Нејзиниот концерт, всушност беше роденденски подарок од „REBEL“ за посетителите.

На роденденската забава присуствуваа многу насмеани лица, полни со позитивна енергија која кулминираше во супер забава со Тамара, а потоа и со Dj Juxel.

Тамара Тодевска ексклузивно еден ден пред официјалната премиера пред охиѓани ја изведе новата песна „Торнадо“ која го виде и видео спотот, а заедно со расположената публика ги испеа своите познати хитови „Тажна љубов среќна песна“, „Фрази љубовни“, „Дали знам“, „Немирна“ и многу други.

Со роденденската забава започна летната сезона во „Rebel“ каде во нареднит период ќе настапат познати музички имиња од клупската сцена. Вечерва во „Rebel“настапуваат Dj Nasty Deluxe, како и City of Drums Black Label од Минхен, Германија, а во сабота, 22 јули, Christian Smith & Drunken Kong од Шведска, односно Јапонија.

Забавите во „Rebel“ почнуваат во 23:45 часот.

Г. Момироски
Фото: Zebra Production