Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун, кој со специјален лет вечерва пристигна во Охрид од каде ја започнува официјалната посета на Македонија, срдечно беше пречекан од неговиот домаќин, претседателот Ѓорѓе Иванов.
Иванов и Ки Мун во вилата „Билјана“ наздравија со жолта ракија додека го следеа настапот на фолклористите кои ја изведоа традиционалната „Билјана платно белеше“.
Во чест на високиот гостин, Иванов вечерва во претседателската вила приреди вечера, на која присуствуваа и сопругите на двајцата политичари, Маја Иванова и Бан Сун-таек.
Работниот дел од посетата првиот човек на Светската организација ќе го почне утре рано наутро со средба со претседастелот Иванов.
фото: ЕМИЛИО