Со автомобили со вклучени сирени и факли, поддржувачите на кандидатот на СДСМ Константин Георгиески, ја прославија победата на вонредните избори за градоначалник во Охрид. Славјето започна  пред седиштето на општинската организација на партијата, а се пресели на градскиот плоштад, каде на присутните им се обрати градоначалникот Георгиески. Тој се заблагодари на поддршката и најави дека ќе работи во интерес на градот и граѓаните.

-Ќе почнам со работа во среда, за среќно. – најави Георгиески.

фото: Анамарија Момироска