Охридскиот ракометен клуб, активно се приклучи во кампањата „седи дома“ или „остани дома“ која се користи за подигнување на јавната свет за опасностите кои ги носи коронавирусот. „Гладијаторите“ на охриѓани им порачаа да ги почитуваат мерките и препораките и да останат со своите најблиски бидејќи допрва во Охрид ќе треба да се прославуваат големи спортски успеси.

Дека ситуацијата со коронавирусот воопшто не е наивна говори првиот смртен случај во Македонија. 57-годишна жена од Куманово, вчеравечер почина како последица од заразувањето со опасниот вирус. Бројот на заразени лица во нашата држава се искачи на 115.

OhridNews