Показна вежба денеска одржаа припадниците на специјалните единици на АРМ во водите на Охридското Езеро кај Радожда.

Припадниците на АРМ изведоат методско-показна тактичка вежба „Неутрализирање на непријателски пловен објект“, а беа прикажани и повеќе содржини од обуката на вода како што се: обука во нуркање, совладување на водени пречки и спасување на давеник. 

Специјалните единици на АРМ и припадниците на воздухопловната бригада демонстрираа висок степен на обученост и извежбаност за извршување на различни задачи на вода. 

На вежбата присуствуваа Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили д-р Ѓорге Иванов, Министерот за одбрана д-р Зоран Јолевски и Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески.

Пред вежбата, пред присутните беше презентирана нуркачката опрема и друг вид на опрема и вооружување за извршување на борбени дејства во вода.

 

OhridNews