Во центарот на Љубљана, „Lisca“ организираше несекојдневен настан – „Proud to be me“ „Горди на себе“.

-Ние жените често забораваме дека различноста не прави интересни и посебни. Дали сме високи или ниски, полнички или слаби, со корпа Г или АА…телото ни е дадено и какво и да е треба да го прифатиме и од него да извлечеме што повеќе. Тоа што не дефинира е нашата личност, нашата приказна. Без оглед на наметнатите стандарди, секоја од нас има нешто со што може да се гордее. – велат организаторите на настанот.

Осумнаесет храбри девојки од Словенија, Хрватска, Б и Х и Србија во средината на мај прошетаа на Прешерновиот плоштад во Lisca костими за капење, порачувајќи дека без оглед на околината треба да најдеме сила и да сфатиме дека сме убави такви какви што сме. Па така Андријана не се оптоварува повеќе што е пониска и има заводливи облини; Барбара порачува дека и со некој килограм повеќе се чувствува одлично и може да биде добра спортистка; Елиса ги отфрлила диетите и приговорите, го сменила начинот на исхрана и конечно е задоволна во својата кожа, Шпела која има проблеми со говорот, се охрабри и гордо зачекори во светот… Да, ние жените сме прекрасни и моќни, а таа позитивна енергија можеме да ја пренесеме и на другите. – рекоа учесничките на настанот.

И како што се гледа ова лето навистина ќе заблескаме на плажа, без оглед на нашата градба. Трендовите на костимите за капење најавуваат живи бои, тропски мотиви, етно изглед и елегантни детали. Подеднакво модерни ќе бидеме и во едноделните костими за капење и во бикини особено ако на плажа шетаме со дигната глава – горди на себе. најавија учесничките на настанот

Фото галерија:


Необичен перформанс на „Лиска“ на Прешерновиот плоштад

Повеќе на „www.lisca.mk“
#ProudToBeMe 
#PonosnaNase 

OhridNews