Гранки од старите дрвја од каналот паѓаат и ги оштетуваат кајчињата и другите пловни објекти во каналот Студенчишта.

Каналот Студенчишта веќе подолг период, покрај за чување пловни објекти, служи и како отпад за стари пловила. На двете страни од каналот има стари нефункционални бродови и чамци, а дел од нив се и потонати. 

Од Капетанијата на пристаништата најавија дека оваа есен ќе започнат активности за уредување на едната страна од каналот Студенчишта, која е во надлежност на локалната самоуправа.

OhridNews