Пластични шишиња, различни отпадоци и смет може да се видат во коритото на реката „Грашница“ пред неjзиниот слив во Охридското Езеро. Причина за оваа грда слика е ниската еколошка свест на поединци, кои ѓубрето наместо во садовите за отпад, го фрлаат во реката.
Долги години наназад еколозите предупредуваат дека реката „Грашница“ претставува еден од најголемите загадувачи на Охридското Езеро. Според нив освен цврстиот отпад, реката во езерото секојдневно ги носи и отпадните води од стопанските и индивидуалните објекти, кои гравитираат по нејзиното течение.
Инаку ѓубрето од речното корито на реката „Грашница“ последен пат беше исчистено минатата есен, од страна на службите на ЈП „Охридски Комуналец“.
OhridNews












