Навивачите на ПАОК натпреварот со Шалке во рамките од 1/16 финалето во Лигата на Европа го искористија за политичка провокација за Македонија. Ултрас навивачите на домашниот состав во текот на првиот дел од натпреварот извадоа транспарент на кој пишуваше „Македонија е една и единствена и тука се наоѓа“.

Транспарентот кој се однесува на Македонија.

Грците неслучајно го одбраа натпреварот со Шалке за ваква провокација, бидејќи навивачката група „Комити“ од Скопје е збратимена со „сината“ навивачка армија од Гелзекирхен.

УЕФА мора остро да реагира и да ги санкционира овие провокации кои немаат допирна точка со фудбалот и спортот воопшто, а се случуваат во едно реномирано клупско натпреварување.

OhridNews