Фото: Громогласни и стоечки аплаузи за шоуто „2 Мothers Brothers and 2 Cousins“
22.07.25 12:54
Со добро познатото шоу за јавноста „2 Мothers Brothers and 2 Cousins“ вчеравечер започна седмото издание на „Summer Comedy Marathon“ кое ветува шаренолика програма за сечиј вкус.
Присутните во „Monastery Winery“ во Опеница уживаа во вино, ѕвезди и комедија, вечер исполнета со смеа и фамилијарен хаос.
Низ веселото и забавно шоу, на кое публиката се смееше до солзи, актерите Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски во живо изведуваа голем број познати музички нумери со изменет и сатиричен текст, надополнети со исклучително креативен сценски материјал со актуелни теми.
Стендап дуото беше придружувано од Никола Јосифоски на клавијатура и Јане Тодороски на контрабас.
Публиката не остана должна за вечерта исполнета со позитивна енергија и ги награди изведувачите со громогласни и стоечки аплаузи.
Шоуто „2 Мothers Brothers and 2 Cousins“ повторно ќе биде изведено на 6 август во Џез Ин со почеток во 20 часот.
Карти за шоута во рамки на „Summer Comedy Marathon“ може да се купат на страната www.hahaha.mk или да се резервираат на тел. бр. 075/283-066.
Фото галерија:
Громогласни и стоечки аплаузи за шоуто „2 Мothers Brothers and 2 Cousins“
Жителите на Елшани и годинава традиционално во раните утрински часови го одбележаа големиот христијански празник Богојавление – Водици Во 5 часот започна утринската богослужба во селото, на која пр...
Мартин Гоџо од Варош го фати светиот крстот што на празникот Богојавление Водици, денеска, беше положен во осветените води на Охридското Езеро Тој беше најсреќен помеѓу неколкуте стотини капачи Мар...
Чествувањата по повод празникот Богојавление – Водици започнаа утрово во 7 часот со богослужби во охридските парохиски цркви Литиите од трите цркви „Св Никола- Геракомија“, „Успение на Пресвета Бо...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.