И покрај тоа што има неколку празни контејнери на паркингот, кој е лоциран на улицата „Абас Емин“, веднаш до Градскиот пазар во Охрид, некои наши сограѓани на многу „оргинален“ начин го исфрлиле ѓубрето, зелениот и кабаст отпад надвор од садовите за собирање смет.
Со ова грда слика која ја регистриравме вчера попладне, уште еднаш се покажува ниската еколошка свест, која не му доликува на Охрид како туристички и културен центар.
OhridNews