Македонските и грчките царински и полициски служби на граничниот премин „Богородица“ се соочуваат со река од возила кои одат или се враќаат од кај нашиот јужен сосед, пренесува „Плусинфо“.
Како што пишува порталот, за излез од земјава се чека околу 20 минути, додека за влез во Грција туристите се соочуваат со уште подолги колони.
Исто така, колоната е голема и од другата страна на границата, за излез од Грција.
Фото: „Плусинфо“