Подготовките за престојните предизвици во првенството се` во полн ек. На СРЦ “Атина Бојаџи“ се одиграа три пријателски натпревари од кои два од меѓународен карактер.


“Градежниците“ по минималниот триумф над Металург, претрпеа пораз од  лидерот во косовскиот шампионат Хиси со 4-1. Стрелец на почесниот погодок за Охрид Лоте беше стружанецот Келешоски . Прилепскиот прволигаш 11 Октомври до врв ја наполна мрежата на кичевски Влазрими победувајќи со 7-1.


Дуелот на бугарската Светкавица и албанскиот Поградец заврши без голови и без победник 0-0.


Денес на програмата се исто така три пријателски средби. Охрид 2004 – Тетекс, Пелистер Напредок и Хиси – Кораб.

Мх.П.