Деновиве екипите на „Паркови и зеленило“ хортикултурно ги уредуваат зелените површини на повеќе локации во градот.

Во текот на вчерашниот ден, засадени се 2500 садници од летната цветна реколта на градскиот и малиот плоштад, како и долж кејот „Маршал Тито“.

Исто така, искосени се и високите тревни површини пред студентскиот дом „Никола Карев“, долж булеварот „Туристичка“ и улицата „Железничка“,  на дел од „АСНОМ“, како и кај кружниот тек на улицата „Јане Сандански“.

Претходно, охриѓани реагираа дека во близина на студенскиот дом, сопствениците на земјиштето со години не преземаат мерки за косење на тревните површини.

OhridNews

Делови во централното подрачје обраснати со треви