Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров со тимот на Барселона во четвртфиналето од Лигата на Шампиони ќе му се спротистави на Загреб.

Натпреварот против Загреб ќе биде емоционален за Лазаров, кој пет години со прекини го носеше дресот на хрватскиот првак и учествуваше во поголемите успеси на клубот.

Хрватите чест за придонесот на Лазаров му изразија на официјалниот профил на Фејсбук и го најавија враќањето на „Киро“ во Арена.

Мх.П.