По повод „Halloween“, вчера на градскиот плоштад во Охрид беше организирана хуманитарна акција на членовите од оригами клубот при општинскиот Црвен крст.
Охриѓани имаа можност да купат дел од изложените креативни дела на младите волонтери, чии средства беа донирани во хуманитарни цели.
Инаку, оригами клубот при Црвениот крст од Охрид брои 50-тина членови, а термините на креативните работилница се секоја сабота од 11, 12 и 13 часот во просториите на ЦК Охрид.
O.T.