Здружената опозција „Сојуз за иднината“, вечерва официјално го отвори изборниот штаб во Охрид, кој се наоѓа во строгиот центар на градот, кај поранешен „Новел“.
Тука ќе бидат координирани изборните активности и ќе се одржуваат прес конференции и брифинзи.
На свеченото отворање на ОИШ на здружената опозција присуствуваа кандидатот за градоначалник на Охрид Александар Петрески, носителот на листата на советници проф. д-р Јован Стојаноски и дел од кандидатите за советници, пратениците Радмила Шеќеринска и Митре Велјаноски, како и симпатизери на партијата.
Од отворањето на изборниот штаб на здружената опозиција
фото: Емилио