Продолжува “надмудрувањето” помеѓу жители на улицата “Даме Груев” и надлежниот општински инспекторат околу нелегалното поставување блокатори на места предвидени за паркинг.

По акцијата на инспекторатот за отстранување на блокаторте од јавна површина, деновиве, тие повторно беа вратени на дел од обележаните паркинг места на улицата.

Повторно интервенираше општинскиот инспекторат. Блокаторите се отстранети и според најавите, нема да се толерира самоволие и незаконско однесување# а несовесните граѓани ќе бидат соодветно санкционирани.

OhridNews