Импровизација и непредвидливи моменти приреди за публиката стендап комедијата „COMEDY JAM“ вчеравечер во култниот Џез Ин.

Публиката уживаше во вечер полна со смеа, изненадувања и вистинска клубска стендап атмосфера.

BEST OF Stand Up носи одлична комедија, езерска атмосфера и настап што нема да личи на ниту една класична стендап вечер. Бродот тргнува од градското пристаниште во Охрид, а публиката ќе има можност да ужива во шоу под отворено небо, на вода, со најдоброто од комичарите.
На сцената ќе настапат Никола Тодороски, Никола Братучед Сиљаноски, Зоран Донев, Јован Цветкоски и Илија Богданоски.
Кулминацијата на летниот комеди-маратон ќе биде на 13 август, кога на стадионот „Билјанини извори“ ќе се одржи големото финале – јубилејно шоу „Опстанок“ со кое стендап комичарот Никола Тодороски ќе одбележи 15 години кариера. На спектакуларната завршница специјални гости ќе бидат Тино и Атанас, шоуто ќе го отвори Никола „Братучед“ Сиљаноски, а за дополнително вжештување на атмосферата ќе биде задолжен DJ Face.
Билетите се во продажба и може да се набават онлајн преку платформите TIX.MK и HAHAHA.MK, а влезници за големото финале ќе има и на продажното место кај Аждер во охридската чаршија.
Фото галерија:
OhridNews
фото. А. Момироска










































































