Реномираниот хрватски веб портал “Index.hr” капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров го престави со унгарско државјанство. Да е трагедијата поголема, Лазаров поголемиот дел од кариерата го помина во Загреб Кроација освојувајќи седум титули во хрватскиот шампионат.
По кратко време објавениот текст на хрватска страница грешката беше поправена и Лазаров беше промовиран како капитен на македонската репрезентација.
Ваквите провокации од земјите кои беа во поранешна Југославија, зачестија откако пред една недела српските навивачи на трибините во Смедерово истакнаа грчко знаме, а РТС не “фиромозираше“.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com