Акција за чистење на дното на Охридско Езеро пред Трпејца кај месноста „Надол“ беше реализирана од страна на Клубот за подводни дејности „Охрид“ во соработка со нуркачкиот клуб „Акватек“, „Нула отпад“ и Езерската полиција.
Од дното на езерото беше извадена поголема количина на отпад – стари гуми, пластични и стаклени шишиња и покуќнина. Целта на акцијата е подигање на јавната свест на населението за заштита на Охридското Езеро, посочуваат организаторите.

Не застануваме овде. Акцијата продолжува понатаму, а овој дел од езерото ќе биде прироритет во наредните години, потенцираат од Клубот за подводни дејности „Охрид“.
Н.С.Ј.
















