Вечер со искрен хумор и директни муабети донесе шоу „Треба да разговараме“ кое публиката имаше можност да го погледне вчеравечер во Cuba Libre во рамки на „Summer Comedy Marathon”.

Комедија што отвори теми за кои сите имаме што да кажеме и оди директно во суштината, вечер со многу смеа и добра атмосфера.

На сцената настапија Sin na Majka и 1chovek, а за гостопримството се погрижија Никола Тодороски и Никола Братучед Сиљаноски.

Вечерва со почеток во 21 часот во Monastery Winery – Опеница продолжува „Summer Comedy Marathon” со неверојатна кабаре комедија составена од авторски песни и преработки на познати песни во комичен кабаретски стил.

На сцената ќе настапат Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Никола Јосифоски и Јане Тодороски.

„2 Mothers Brothers & 2 Cousins“ е музичко-комична вечер полна со хумор, песни, кабаре атмосфера и настап што не личи на класично стендап шоу. Билети на hahaha.mk и на 075 283 066 по цена од 500 денари.

Фото галерија:

OhridNews

фото. А. Момироска