Деновиве, дел од бетонските столпчиња  кај катедралната црква „Св. Софија“ повторно се искршени и фрлени покрај ѕидините на овој верски храм.

Како што претходно изјавија мештаните, воведувањето на забрана за паркирање на просторот околу „Св. Софија“, предизвикува хаос во сообраќајот во стариот дел на Охрид.

Според нив, сообраќајниот режим во старото охридско јадро не е соодветно решен, а дел од нив бараат враќање на рампите кои го регулираа влезот на возила.

OhridNews