По повод 21 јуни- Денот на Охридското езеро, вечерва, со почеток во 21 часот во просториите на туристичкото биро Билјана, ќе биде отворена фото- изложба во организација на еколошкото друштво „Грашница“ и туристичката асоцијација „Билјана“.

Во рамки на изложбата која е насловена како- Екологија +Туризам = Екотуризам“, ќе бидат промовирани и еколошко-туристичките програми на друштвото, наменети за ова лето.

OhridNews