Италијанскиот шампион и европски вицепрвак, Јувентус ги објави дресовите за следната сезоната со новото лого кое крена голема прашина и дебата на социјалните мрежи.
Новите дресови од германската компанија „Адидас“ за Јувентус традиционално се во црно-бела комбинација, додека резервните дресови и третиот избор дополнително ќе бидат презентерани од клубот од Торино.
Со новите дресови следната сезона „старата дама“ ќе атакува на европската круна кој им избега во финалето после поразот од Реал Мадрид и ќе ги брани титулите во домашниот шампионат и Купот на Италија.
OhridNews