Стружани алармираат дека на една од плажите, кабел за кој се сомневаат дека напојува пумпа во вода на само еден метар од капачите.

Тие апелираат до надлежните институции да реагираат соодветно, со цел да се избегне нова трагедија на струшкото крајбрежје.

Во трагичен настан што се случи на шанк во септемви 2010 година во Струга живото го загубија три лица, а оттогаш натаму се евидентирани уште неколку инциденти за струшкото и охридското крајбрежје. Со цел избегнување на несакани ситуации, охридската локална самоуправа неодамна побара од концесионерите на плажите да ја променат електричната инсталација на платформите и мостовите од опасната високонапонска со безбедна нисконапонска.

 

OhridNews