Сообраќајниот знак „Внимавај поминува Вашето дете“ кој е поставен на крстосницата помеѓу улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“, во непосредна близина на училиштето „Христо Узунов“ во Охрид, веќе подолго време не е функционален. Освен тоа што е оштетена површината на знакот, му недостасува и еден од столбовите кои се во вид на училишен молив.

Ова сообраќаен знак е еден од многуте оштетени знаци, кои се поставени на охридските улици. Според добрите познавачи на сообраќајната безбедност, надлежните служби треба што поскоро да преземат мерки за подобрување на оваа состојба.  

OhridNews