Угостителската понуда на Охрид е збогатена со кафулето „Ретро“, кое синоќа беше свечено отворено.
Новото кафуле се наоѓа на улицата „Јане Сандански“, во објектот на некогашна „Леа“, која буди убави спомени на многумина.
На отворањето на „Ретро“ присуствуваа голем број гости, кои уживаа во убавиот амбиент и добрата музика.
Кафулето „Ретро“ преку недела ќе работи до 24:00, а за викендите до 01 часот по полноќ.
Сопствениците на „Ретро“ најавуваат добра забава која ќе биде збогатена со живи свирки и настапи на диџеи, како и добра услуга и пристапни цени.
OhridNews