Охридската полиција интензивно трага по разбојниците кои утрово нападнаа и ограбија сопственик на менувачница од Охрид, од кој одзеле 120.000 евра. Веднаш по нападот, што се случи на ул. „Дејан Војвода“ во близина на полициската станица во Охрид, напаѓачите со возило „Фолксваген Џета“ го напуштиле градот, по што истото го запалиле помеѓу селата Мешеишта и Требеништа, со цел да ги сокријат трагите.
запаленото возило на крадците на 120.000 евра