Со пригодна програма ОУ „Св. Климент Охридски“ денеска им посака добредојде на новите првачиња. Тие видно возбудени во придружба на нивните родители ги минаа првите минути во школските клупи, каде ќе го стекнуваат основното образование. И оваа година ова основно училиште запиша малку првооделенчиња, па така наставата во „прво“ ќе се следи во само две паралелки.
фото Емилио
Новата учебна година со песна и игра беше прославена и во основното училиште „Кочо Рацин“.
На свечената приредба во чест на првачињата се обрати одговорниот наставник на детската организација Љубица Чифлигароска, која им посака топло добредојде и успех во нивното понатамошно школување.
Учениците ги поздравија и членовите на советот Климе Шешоски и Ангел Јанев.
OhridNews