Гонзало Игуаин беше херој во очите на навивачите на Наполи, а по трансферот во лутиот ривал Јувентус за рекордни 95 милиони евра тој стана предавник и непосакувана личност на Сан Паоло. Викендов, односно в недела со почеток во 20 часот и 45 часот „бјанко-нерите“ гостуваат во Неапол во 30-та рунда од Серија А. Најверните навивачи на „азурите“ му подготвуваат непријатен пречек на аргентинскиот репрезентативец. Ликот на Игуаин во дрес од Јувентус навивачите го имаат ставено на тоалетна хартија и порачуваат дека ќе го бришат задникот во текот на мечот и потоа.

OhridNews