Обилните врнежи од дожд кои ја зафатија земјава во текот на изминатата недела, го зголемија нивото не само на Охридското Езеро, туку и на каналот „Студенчишта“.

Граѓаните и старите рибари,  коментираат дека веќе неколку години наназад каналот не е толку надојден, а минатата година поради нискиот водостој, каналот замрзнал.

Состојбата да е позагрижувачка, ја прават нечистите атмосферски води, кои влевајќи се во каналот ја поматуваат бистрата вода.

О.Т.