Тој е легенда, владател на Рим, капитен и спасител на Рома. Франческо Тоти уште еднаш покажа дека не е старо железо. Капитенот на „џалоросите“ со два погодока ја спаси Рома од пораз во градското дерби одиграно денеска, откако Лацио по само 20 минути игра имаше водство од 0:2. Израмнувачкиот гол Тоти го прослави на необичен начин. Имено тој среде натпревар направи селфи фотографија со најверните навивачи на Рома.
Еден е Франческо Тоти.
Г.М.