Најстариот карневал во Македонија и воопшто во Европа и годинава на уникатен и препознатлив начин, преку креативни маски ги отслика актуелните настани во земјава и светот.

Енергетската и економската криза, војната во Украина, евроинтегративниот процес, спорот со соседна Бугарија и изградбата на автопатот Кичево – Охрид, беа дел од маските кои продефилираа на Вевчанскиот карневал.

Покрај традиционалните зет и невеста, ѓаволи и глупави августи, досетливите вевчанци не заборавија да се пошегуваат и на сметка на премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска (Стани Цаци да те види сала), потсетија на коруптивни скандали.

Дел од дефилето беше и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел со Францускиот предлог, антикорупционери, активисти на Анима мунди, кралицата Елизабета, доктор Жан Митрев, готвачот Нусрет, фудбалерот Меси, Мањифико со бендот…

Преку маските вевчанци испраќаат и силни пораки годината да биде бериќетна, да има среќа, здравје и да се променат негативните работи во општеството.

Фото галерија:

OhridNews

Фото: Емил Јовановиќ