Во ведра атмосфера и со голем број гости од земјава и странство, во Вевчани започна традиционалниот василичарски карневал.

Вевчанци и овој пат го привлекоја вниманието со најразлични креативни макси кои за оваа прилика ги подготвуваат месеци наназад.



Традиционално тука се зетот и невестата, музичарите и глупавиот Август, но и маски поврзани со актуелни политички настани во земјава.


По главното дефиле, забавата продолжува со настапот на Благица Павлоска, Нино Величковски, Чаки Панкерот и Дијана бенд.


Карневалот завршува во понеделник, 14-ти јануари, со церемонијално палење на маските.

OhridNews