Охрид и ова лето на секој чекор е излепен со плакати и реклами за разни настани кои се случуваат на ривиерата. Ги има секаде, на излози, по бандери и дрвја, на ѕидови. За дел од настаните организаторите подготвија и висечки банери кои најчесто се поставуваат на најпрометните градски сообраќајници. Но како и првите и овие по завршување на настаните навремено не се отстрануваат. Така рекламите со поминат рок уште долго остануваат „актуелни“, освен ако не бидат прелепени со други реклами или не паднат сами.
OhridNews
фото: Васко Бујароски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com