Поголема група на кучиња скитници во текот на изминативе неколку дена е забележана во потегот на станбениот комплекс „Христо Узунов“ и на краците од улицата „Богомилска“ во Охрид. Жителите на овој дел од градот кои ни ги испратија приложените фотографии, велат дека се вознемирени и дека стравуваат од можна агресивност кај овие животни.
-Често се собираат околу котејнерите каде што најверојатно бараат храна, но често може да се видат пред зградите и по улиците и предизвикуваат страв кај децата. Поради кучињата секој ден ги носам и ги земам моите внуки од училиште, вели повозрасен охриѓанец, кој живее во населбата „Христо Узунов“. Според него, наделжните треба да изнајдат начин и да го решат овој проблем.
Инаку според сведочењата на граѓаните голем број кучиња скитници може да се забележат и на потегот околу Градскиот Пазар, во останатите станбени комлекси како и во центарот на Охрид.
OhridNews


.jpg)
.jpg)









