Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров последните неколку дена од одморот ги мина во македонскиот туристички центар, Охрид. Лазаров неколку дена мина во друштво на семејството и најблиските пријатели.

Пред македонската “седумка“ се големи предизвици во новата ракометна сезона. Тој заминува на подготовки со Атлетико Мадрид. А најдоброто од него се очекува на Мундијалот 2013 година кога во “неговата“ Шпанија ќе ја предводи македонската фаланга.

ohridnews